Авион „цесна 150 М“ слетал на автопатот Загреб – Риека.
Читатели на 24сата.хр кои во моментот се наоѓале во автомобил, го снимиле принудното слетување.
– Почна да кружи над нас, се спушти многу ниско, но ние мислевме дека тоа е нормално, потоа сфативме дека тој ќе слетува. Малку одеше по средината на патот додека да се забие со крилото во десната ограда. Од авионот излегоа жена и маж преплашени – рекол читателот.
Наводно, во инцидентот немало повредени.
Засега нема информации за околностите поради кои авионот морал принудно да слета.