Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, изрази мислење дека Херта вчера незаслужено стигнала до реми 2:2 на „Алијанц арена“.
– Херта имаше многу среќа за да го извлече ова реми. Но, тие се бранеа доста добро. Имавме многу ситуации, но пропуштивме многу од нив. Дури и пред Херта да направи пресврт во резултатот, имавме свои шанси и моравме да играме подобро во некои ситуации. Но, не можам да го обвинам тимот. Момците дадоа се од себе и се обидоа. Ние доминиравме и продолживме да напаѓаме. Ни недостасуваше потребна количина среќа. Честитки до Херта за нивната способност да издржи – изјави Ковач.
Тој додаде дека Баерн мора да ги надомести изгубените бодови од овој натпревар.