Четириесет и осумгодишна жена од Србија терала вработен во нејзиниот дом да изврши грабеж, да растури по куќата и да го убие нејзиниот сопруг, пренесува „Курир.рс“.
Таа била уапсена во четвртокот бидејќи му ветила на 33-годишник 1.600 евра за да го убие нејзиниот 49-годишен сопруг, познат локален бизнисмен.
– Истрагата покажа дека таа во повеќе наврати, од мај до сега, му барала на човекот да го убие нејзиниот сопруг. За таа „услуга“ му ветила 1.600 евра. Таа и смислила план за злосторството. Го терала човекот да влезе во нивниот дом, да го убие бизнисменот, неа да ја претепа, а потоа и да растури по дома, за да изгледа како да е грабеж – рекол извор на медиумот.
Жената дел од ветуваните пари во износ од илјада евра му ги дала, а била уапсена додека се обидувала да му даде уште 80 евра.
– Таа го притискала што побрзо да го направи тоа. На крајот, човекот одлучил да каже се во полиција – додал изворот.
Наводно, на сослушувањето, сопругата на бизнисменот ги негирала овие тврдења, кажала дека била уценувана.