Заразени 36 деца со ротавируси во Црна Гора

266

Од почетокот на месецов од цревни инфекции предизвикани од ротавируси во Црна Гора заболеле 38 лица, од кои дури 36 се деца на возраст од четири години, а најголем број од заразените се од Подгорица, Цетиње и Будва, соопшти Институтот за јавно здравје.

Цревните заразни болести поради високите температури, кои се погодни за развој на микроорганизмите, најчесто се јавуваат во летниот период.

Неколку граѓани изјавиле дека децата, кои престојуваат во будванската населба Бечиќи, се заразени со ротавируси, бидејќи дошло до излевање фекалии на плажата и шеталиштето, а тврдат и дека се инфицирале капејќи се во морето.

Од Институтот велат дека не може да се тврди оти се заразени поради капењето во море, бидејќи во Будва заболеле пет лица, колку и во Цетиње.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...