Почина глумецот Питер Фонда

656
ФОТО: МИА

Американскиот глумец Питер Фонда почина на 79-годишна возраст во Лос Анџелес, соопшти денеска неговото семејство.

– Многу сум тажна. Беше мојот сакан помлад брат. Семеен брбливко. Заедно ги поминавме неговите последни денови. Замина со насмевка – изјави неговата сестра, актерката Џејн Фонда.

Питер Фонда беше син на холивудската легенда Хенри Фонда.

За улогата во филмот „Голи в седло“ беше номиниран за Оскар, а подоцна и за улогата на виетнамски ветеран и пчелар во филмот „Златото на Ули“, за што ја доби наградата Златен глобус.

Почина опкружен со семејството, третата сопруга Маргарет Вогелер и децата од првиот брак, ќерката Бриџит и синот Џастин Фонда.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...