Охриѓанец добил тешки повреди откако бил прегазен од сопственото возило

408
Фото: МВР

Охриѓанец добил тешки повреди откако бил прегазен од сопственото возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14.15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за село Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото „хјундаи аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал. Возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...