Според извор што ги познава Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт, нивните приоритети во животот се промениле.
– Мајли се врати во студио и беше фокусирана на нејзината музика. Лијам продолжи да се забавува со пријатели. Тој и Мајли обожаваа забави, но пејачката ја помина таа фаза – рекол изворот, пренесува „Е! News“.
Во план им било да поминат време одделени еден од друг, што не било тешко бидејќи Лијам бил во Австралија со своето семејство, а Мајли во Лос Анџелес со нејзината другарка Кејтлин Картер.
Претходно, Мајли и Кејтлин беа „уловени“ како разменуваат нежности.
За семејствата на парот, нивната врска не била завршена. Пејачката и актерот и претходно поминале низ раскинувања и смирувања. Раскинувале свршувачки, се гледале со други лица и дури имало и тажни песни за врската.
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT