Во првите шест месеци од годинава загубите предизвикани од природни непогоди и од катастрофи предизвикани од човечки фактор изнесуваат 44 милијарди долари, соопшти швајцарската компанија за реосигурување Свис Ре.
Во тој период, најмалку 5.000 луѓе во светот го загубиле животот во непогоди.
Осигурителните компании покриле 19 милијарди долари загуби, со оглед дека биле осигурани само 42 отсто од вкупните загуби.
Во природни катастрофи предизвикана е штета од 40 милијарди долари, додека човечки фактор е одговорен за преостанатата штета, во износ од четири милијарди долари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...