Кинез ги купи Бруклин Нетс за рекордни 2,35 милијарди долари, сосе салата

202
ФОТО: Официјален сајт www.nba.com

Кинескиот бизнисмен Џозеф Цаи го купи НБА клубот Бруклин Нетс заедно со нивната сала „Барклис Центар“.

Вкупната вредност на договорот е 2,35 милијарди американски долари, што е рекорд за спортската индустрија во САД.

Најголемите аквизиции до сега се 2,2 милијарди американски долари за Хјустон Рокетс, исто така од НБА и за НФЛ тимот Каролина Пантерс.

Цаи минатата година купи 49 проценти од Бруклин за 1 милијарда американски долари, а сега ги купи останатите 51 процент од рускиот олигарх Михаил Прохоров.

Продажбата се очекува да биде финализирана до крајот на септември, бидејќи треба да биде одобрена од раководството на лигата.

Бруклин има сериозни амбиции за следната сезона, откако веќе се засили со слободните агенти Каири Ирвинг и Кевин Дурант. Цаи (55) е основач и извршен потпретседател на „Алибаба груп“, а неговото лично богатство, според „Форбс“ е околу 9,9 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...