Кај двајца прилепчани запленети 9.900 капсули „трамадол“, ги набавувале во велешка аптека

918

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р. (50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

Како што соопшти МВР, на 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата „Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...