Приведен полски државјанин, му пронашле фотографии од АП Криволак

1076

Полицијата приведe полски државјанин кај кого се пронајдени фотографии од армискиот полигон Криволак.

МВР денескка соопшти дека вчера во 10.00 часот на излез од капијата на армискиот полигон „Криволак“ кај Неготино, сопрен бил полскиот државјанин Х.Л.Р. (54).

– По извршените проверки и преглед кај истиот биле пронајдени слики од воениот објект. Во 12,30 часот по наредба на јавен обвинител од полициски службеници од Полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...