Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува ВМРО ДПМНЕ да учествуваат во работните тела за изградба на новиот Клинички центар, соопшти Министерството за здравство.
Филипче упати јавен и отворен повик до опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје. Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека се е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален Клинички центар за нивните потреби.
– Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи – вели Филипче.