Трамп ќе ги лечи менталните болести за да го контролира оружјето

136
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Претседателот Доналд Трамп по двете масовни пукања во Охајо и Тексас овој месец рече дека сака да го реши проблемот со тоа што ќе се фокусира на помош за лекување ментални заболувања, а не со контрола на оружјето.

Говорејќи пред поддржувачи на митингот во Њу Хемпшир, Трамп рече дека сака повторно да ги отвори установите за ментално здравје во САД, но не даде детали.

– Ќе ги тргнеме лицата со психички проблеми и опасните луѓе од улиците за да не се вознемируваме од нив. Ова е голем проблем. Има некои тешко болни луѓе и тие се на улиците – рече Трамп.

Трамп рече дека она што нема да го стори по овие масовни пукања е да преземе мерки што ќе отежнат „луѓето кои почитуваат закони да се одбранат“.

ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...