Полицаец во Белград ги терал колегите да не пишуваат казни, доби кривична

435

Поднесена била кривична пријава против 49-годишен полицаец поради злоупотреба на службена должност.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој барал од двајца сообраќајни полицајци да не им пишуваат казни на учесници во сообраќајот кои сториле некаков прекршок. Со тоа, го оштетиле буџетот на Република Србија.

По сослушувањето, полицаецот бил пуштен на слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...