Тетовската полиција целосно расчисти 18 тешки и 8 други кражби за кои е осомничен едно лице. Станува збор за 38-годишен тетовец, кој покрај вкупно 26-те кражби се терети и за еден обид за кражба.
Според информациите од полицијата, тој се сомничи дека во јуни, јули и август во Тетово провалувал во возила, продавници и други деловни објекти. Најчесто крадел пари, музичка опрема и компјутери, а проценката е дека се стекнал со вкупна имотна корист од 525 илјади денари.
Најголем број од украденото е запленето и вратено на оштетените.