Загинаа две лица во вооружен инцидент кај Државниот универзитет Алабама

112

Две лица загинаа, а четворица се повредени при вооружен инцидент што се случил во близина на кампусот на Државниот универзитет Алабама.

Според полицијата, една од жртвите починала на местото на инцидентот, а другата во болнициа.

Деканот на Универзитетот Квинтен Рос истакна дека пукотницата не се случила во кампусот, туку во една од зградите во близина.

Полицијата не соопшти повеќе детали за инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...