Пунктот за наплата во Општина Сарај, лоциран наспроти училиштето, од денеска нема да работи, информира ЈП Водовод и канализација.
– Корисниците ќе можат да ги извршуваат сите услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје на наплатните места во дирекцијата на претпријатието oд 7.30 до 19 часот секој работен ден. За новата локација на пунктот за наплата во Општина Сарај дополнително ќе бидете известени, соопшти претпријатието.