Инстаграм воведува функција за обележување лажни вести

81

Инстаграм воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, коешто се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Инстаграм задолжен за тоа.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови, на пр., ќе биде минимализирано.

Инстаграм е бесплатна платформа за споделување слики и видеоснимки којашто нуди опции за нивно уредување и споделување на други социјални мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...