Конгресменката Стивенс стана пријател на Македонија

451

Конгресменката од редовите на Демократската партија, Хелји Стивенс, се придружи на надпартиската „конгресна група за Македонија и заедницата на македонски Американци“, објави синоќа Обединета Македонска Дијаспора, организација на македонските иселеници во САД.

Во македонската конгресна група членуваат 27 членови помеѓу кои се демократот Брендон Бојл од Филаделфија и републиканците Пол Мичел и Стив Стиверс од Мичиген и Охајо, кои застапуваат „зајакнување на односите помеѓу САД и Македонија“, јави дописникот на МИА од Вашингтон,.

Инаку конгресменката Стивенс, претставничка од Мичиген, е член на Комисијата на Претставничкиот дом за образование и труд и на Комисијата за наука, вселена и технологија. Исто така, таа раководи и со подкомитетот за развој и технологија.

– Го поздравуваме пристапувањето на Стивенс во конгресната група… Посебно поради тоа што доаѓа од округ каде живеат Македонци кои придонеле мошне многу во економскиот и претприемачкиот развој на поширокиот регион на Детроит, соопшти ОМД.

Според организацијата, во Мичиген живеат приближно 125 илјади Американци со македонско потекло.

Инаку, конгресменката Стивенс синоќа објави дека пристапува и во друга конгресна гупа. Според „Си-Ен-Ен“ таа стана 122-от член на Претставничкиот дом, од 225 членови-демократи, која побара отпочување на процедура за импичмент на Трамп.

Законски, процедурата импичмент може да започне доколку има согласност од двотретинско мнозинство на Претставничкиот дом, додека Сенатот настапува како Врховен суд каде се води судски процес за обвинетиот висок државен функционер кој е соочен со импичмент (отповикување).

Триесет и шестгодишната Стивенс лани извојува побада во Детроит, регион кој долго време беше под контрола на републиканците. За време на поранешниот претседател Барак Обама, таа беше ангажирана како помошник во експретската група за спас на американата автомобилска индустрија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...