Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје

Генералот Боцев денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана РадмилаШекеринска.

110

Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила
Шекеринска.

Во текот на денот, генералот Боцев ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.

Во текот на посетата делегацијата на бугарските Вооружени сили, ќе посети дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе присуствува и на централната прослава на Денот на Армијата во Охрид.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...