Мајли Сајрус се сконцентрира на музиката по разделбата од сопругот, Лијам Хемсворт.
Само што излезе нејзината нова песна „Slide away“, а нејзините фанови веќе ја осипуваат со позитивни коментари.
Поединци се прашуваат дали песната е за Лијам.
– „Врати му се на океанот, јас ќе им се вратам на светлата во градот“ овој дел е многу тажен бидејќи Лијам е сурфер и океанот е негово омилено место – напишал еден од фановите.
Сајрус беше главна тема деновиве на социјалните мрежи, откако беше „уловена“ како разменува нежности со ѕвездата на „The Hills: New Beginnings“ , Кејтлин Картер.
ФОТО: EPA / NINA PROMMER