Мицкоски ја обвини власта дека го крие државниот долг

Според него, за 200 милиони евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година.

262

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја обвини власта дека го крие државниот долг.

– На веб страницата на Министерството за финансии можете да прочитате дека државниот долг е еднаков на 38,7 проценти. Но, вистината е поинаква, бидејќи БДП во 2017 година не порасна, односно остана еднаков на нула, т.е. тој е ист како што беше во 2016 година, тогаш Министерството за финансии треба да го нивелира и податокот за државниот долг кој што сега наместо 38,7 проценти, изнесува 40,7 проценти – рече Мицкоски.

Според него, за 200 милиони евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година.

– Вчера, во текот на вчерашниот ден, претставници на Светска Банка во Република Македонија презентираа уште еден поразителен факт кој што е резултат на оваа цунами економска политика на владата во Република Македонија. Наместо претпоставениот и предвиден раст на македонската економија за 2018 година од 3,2 тие го нивелираа на 2,3 проценти. Повторно 100 милиони евра граѓаните на Република Македонија во 2018 ќе бидат посиромашни споредено со тоа што биле во 2017 година.
Третиот поразителен економски показател кој што беше исто така презентиран за време на вчерашната прес конференција на претставници од Светска Банка беше просечниот очекуван раст во периодот од 2017 до 2020 година. И тој ќе изнесува околу 2 проценти што е за два ипол пати помалку од оние фамозни 5 проценти што беа ветувани за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година – додаде Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...