Антоније Мариноски, 47 годишен охриѓанец, е новиот Извршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“, на кое е назначен во април годинава, а на ова место доаѓа од местото член на Управниот одбор во „Охридска банка Сосиете Женерал“, на кое бил од февруари оваа година. Јордан Камчев останува на позиција Претседател на Одборот на директори на „Орка Холдинг“ и неизвршен член на директорскиот борд.
Во својата дводецениска кариера во „Охридска банка,“ Мариноски започнал од позицијата – референт за издавање кредити во 1998 година, по што станал шеф на филијала во Скопје.
Токму Мариноски, Французите од „Сосиете Женерал“ во јуни 2006 година го назначиле за проект менаџер за процесот на превземање на „Охридска банка“ од страна на „Сосиете Женерал“. По успешната имплементација на тој процес, Мариноски станува директор за корпоративно и за инвестициско банкарство, а член на одборот на директори на „Охридска банка“ во октомври 2010 година.
Во ноември 2013 година веќе е заменик на генералниот директор, а во април 2015 година е преместен да ја консолидира албанската аквизиција на „Сосиете Женерал“, како заменик генерален директор одговорен за бизнис банкарство.
Мариноски е оженет и е татко на две деца.