Пендаровски оценува дека сите граѓани и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема.
– И мене ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде. Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто јас немам право на грешка – вели Пендаровски.
Во врска со „Рекет“, тој повтори дека е невозможно главните актери во оваа, како што рече, драма, да тераат годишни одмори, независно дали се претпоставено обвинети или обвинители.