Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, по излегувањето од притвор, вчера вечерта се вратил во Косово.
Таму бил пречекан како народен херој и со тапани. Косовските медиуми објавија и видеа од пречекот на Морина.
Вчера Коханет пишуваше дека Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.