
Македонците имаат многу стресови во секојдневието, а поминувањето на пешачки премин, барем во Скопје, е дефинитивно еден од поголемите. Не само што си го ризикуваат животот, ама стресот дека нема да се фати зелено, пешаците го доживуваат како траума. На многу места низ Центар, зеленото светло за пешаци трае само неколку секунди. Тоа е многу малку и за младите, а камоли за постар човек да премине улица.
– Не можеме да трчаме како да сме мали деца. Некои се стари, уморни, некои натоварени идат од пазар, а да не зборуваме за жештината која дополнително нѐ оптоварува. Ако тргнеш на пешачки и те фати црвено, автомобилите веднаш свират и креваат паника. Те фаќа и срам и страв. Најголем дел од возачите се во брзање и се нервозни. Ако некој те пушти на пешачки премин, трчкаш и дури му заблагодаруваш – коментира млад скопјанец.
Многумина се жалат дека семафорите не се синхронизирани. За да се помине една улица се чини поминува вечност. Посебно ако станува збор за булевар или улица која е поделена со два семафора, па треба да се чека прво за едниот а потоа и за другиот семафор.
Плусинфо за петнаесетина минути „улови“ неколку случаи на несинхронизирани семафори.