250 години од раѓањето на Наполеон

119

По повод 250 години од раѓањето на Наполеон Бонапарта, денеска во Франција, Белгија и на Корзика ќе бидат одржани низа свечености.

Наполеон е еден од најпознатите војсководци во историјата, чии походи ја изменија Европа и му ставија крај на феудализмот. Роден е на 15 август 1769 во градот Ајачио на Корзика, во угледно семејство, како четврто од единаесетте деца. На 24-годишна возраст, за време на Француската револуција добил чин генерал.

Во Италија, 1796. и 1797 година ги победил австриските војски, а потоа ја укинал Венецијанската република. По походот кон Египет и враќањето во Франција, 1799, вовел нов режим на неограничена власт како „прв конзул“ и, од 1802., како „доживотен конзул”. Во 1804 се прогласил за император.

Како лидер на Франција, ја реформирал администрацијата, просветата, финансискиот систем и судството, склучил конкордат со папата Пиј Седми и привремено ги запрел аспирациите на Велика Британија и на Австрија.

Со победата во 1805. над Австријците кај Улма и над руско-австриските војски кај Аустерлиц, ја принудил Австрија на мир. Во 1806 Наполеон ѝ објавил војна на Прусија, која завршила со мировен договор под прилично неповолни услови за Прусите.

Во 1808. го поставил својот брат Жозеф за крал на Шпанија, но битките на Пиринејскиот Полуостров биле доста неповолни поради отпорот на феудалците кон новиот начин на владеење, организација и општествено уредување. Австрија, охрабрена од тие неповолности, повторно тргнала против францускиот владетел, но повторно е поразена, во битката кај селото Ваграм, 1809 година, што значело нови територијални отстапки.

Откако ја покорил скоро цела Европа, Наполеон во 1812. се одлучил на поход кон Русија.

Битката кај Лајпциг, кога коалицијата на Русија, Австрија, Прусија и Шведска го поразиле францускиот владетел, го означила почетокот на неговиот крај. Сојузниците потоа, 1804, стигнале до Париз, а Наполеон бил симнат и бил прогонет на островот Елба во Средоземното Море.

Наредната 1815 година се вратил во Париз и, накусо, повторно ја презел контролата. Неговиот конечен пораз го доживеал кај Ватерло, денешна Белгија. Бил прогонет на островот Света Елена, каде што и починал во 1821 година.

Сепак, епохата на Наполеон го најавила дефинитивниот крај на средновековниот феудализам и зацврстувањето на новото општествено уредување, познато како нов век.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...