На регионален пат помеѓу селата Идризово и Петровец триесет и шест годишен возач со камион влекач излетал од патот и починал.
Д.Т.(36) од село Ржаничино-скопско управувајќи товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. На местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.