Пејачот Џон Мајер побарал и добил привремена забрана за приближување за опседнат фан.
Теророт започнал уште во март, кога 39-годишниот Рајан Џереми Кнајт ги малтретирал и него, но и неговиот тим, според судски документи, пренесува „E! News“.
Музичарот тврдел оти Кнајт почнал да го вознемирува и да го следи првично, но ситуацијата брзо се влошила. Имено, Кнајт почнал да му упатува насилни закани на неговиот тим преку социјалните мрежи.
Кнајт почнал да ги спомнува и убијците како Тед Банди и Марк Дејвид Чапман, кој го убил Џон Ленон.
Потоа, Мајер речиси дошол лице в лице со 39-годишникот, за време на неговиот настап во Северна Каролина на 28 јуни.
ФОТО: Инстаграм