Мајли Сајрус и Кејтлин Картер повторно биле видени заедно, пренесува „Е! News“.
Поп пејачката и ѕвездата на „The Hills: New Beginnings“ биле „уловени“ во Лос Анџелес вчера попладне.
Претходно девојките беа фотографирани на јахта како се бакнуваат. Потоа се дознало дека 26-годишната пејачка била на одмор со 30-годишната Кејтлин и нејзината сестра, Бренди Сајрус. Ова следува по разделбата на Мајли од Лијам Хемсворт.
Наводно, според извори на медиуми, девојките „навистина се забавувале“ и не биле фокусирани на тоа да имаат „сериозна врска“.
Мајли уште се немала огласено по разделбата со Лијам, додека тој на Инстаграм посакал се најдобро за пејачката.
– Не можам да кажам ништо. Јас сум тука за неа и поминуваме доста време заедно. Кога ќе биде подготвена да зборува за тоа, ќе каже – рекла постарата сестра на Мајли.
Извор за „E! News“ рекол оти Мајли и Лијам се обидувале да ја одржат врската со месеци, но чувствувале дека ја немаат истата хемија која ја имале кога се венчале.
Во меѓувреме, Кејтлин одговорила на шпекулациите во нејзин стил. Таа ставила лајк на коментар од фан, кој ги бранел неа и Мајли.
– Само да ви кажам дека не ја заслужувате омразата од луѓе кои се претставуваат како „фанови“ на Мајли. Ти и Мајли имате право да правите што сакате. Ако Мајли ја правиш среќна, тогаш ми се допаѓаш. Нејзината среќа и менталното здравје ми се најважни – напишал фанот.