Две скршени гранки од силниот ветер кој дуваше вчера во Скопје утрово сѐ уште лежат на тротоарот и на дел од улицата Јордан Мијалков.
Силниот северен ветар предизвика кршење на гранки и паѓање на дрвја на неколку места во градот.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ги повика жителите да пријават паднати дрвја.
„По краткиот, но силен ветер, паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако забележите паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на Водовод и канализација на 02 3073010“, објави градоначалникот Богдановиќ.