Трагедија во Куманово: Девојче од Хрватска настрада од статива

1952

Тринаесетгодишно девојче денеска попладне починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Девојчето, како што потврдија од полицијата, е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна медицинска помош интервенирала и го однела детето во Општата  болница во Куманово каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но, за жал, безуспешно.

Случајот во полицијата го пријавиле вработени во кумановската болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...