Во вилата „Билјана“ во Охрид, министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со неговиот колега од Грција, министерот Никос Коѕијас.
Средбата се одржала во отворена атмосфера, се разговарало за сите аспекти за разликата околу името.
Средба имале и работните групи од Република Македонија и Грција, составени од високи дипломати кои врз основа на напредокот што го направија на средбата во Виена, усогласиле дел од текстот кој што се однесува идната соработка во неколку области.