Морина вечерва се вратил на Косово

276

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово.

Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце.

Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...