Возач на ЈСП скршил ретровизор од паркирано возило, а кога застанал да му каже на сопственикот бил физички нападнат, соопшти полицијата.
Возачот В.С.(56) пријавил дека на 11. август во 18.10 часот, додека се движел со автобус на ЈСП на релацијата Центар – Долна Матка, во селото Глумово скршил ретровизор од паркирано патничко моторно возило „голф“’. Потоа В.С. продолжил кон Долна Матка и на враќање, кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот Б.С. (37) од Глумово.
Возачот застанал да му каже дека тој го скршил ретровизорот, но Б.С. физички го нападнал.
Полицијата направила записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.