Восочната фигура на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, привремено е одвоена од фигирата на нејзиниот сопруг принцот Хари.
Фигурите прво биле поставени една до друга, но сега фигурата на Меган е преместена во близина на нејзините познати пријатели Том Харди, Бекамови и Пријанка Чопра.
– Ние во музејот сакаме да го покажеме нејзиниот независен статус. Таа нема да остане таму засекогаш, не ја раздвојуваме нашата љубовна двојка. Само ѝ овозможивме на Меган да се дружи со своите познати пријатели некое време – рече Стив Дејвис, генерален директор на музејот „Мадам Тисо“ во Лондон.
Во меѓувреме фигурата на Хари му се придружи на кралското семејство.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA