Се чини дека врската на Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт не е завршена, пренесува „Космополитан“.
Иако разделени, не помина долго откако Сајрус беше уловена како се бакнува со девојка.
Според извори на „Пипл“, постојат шанси парот да се смири.
Лијам на Инстаграм и посакал на Мајли „само здравје и среќа понатаму“.
– Тие се договорија да направат пауза и да поминат време поддалеку еден од друг. Но, ова не значи дека тука е крајот. Има надеж дека ќе бидат повторно заедно – рекол изворот за „Пипл“.
Наводно, проблемите кои застанале на патот на парот, ги имало и во минатото, па биле пребродени.
Како што се наведува, не може да се очекува документи за развод во блиска иднина. Но, тоа што може да се очекува е нова музика од Сајрус, која објави фотографија од студио.
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT