Причината за смртта на Италијанецот и труењето на децата во Хрватска е јаглерод моноксид

2982
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Наводно, причината за смртта на Италијанецот и труењето на децата во Хрватска е јаглерод моноксид од моторот на бродот.

Точната причина допрва треба да биде соопштена и официјално, пренесуваат медиуми.

Сопственикот на ресторанот во кој патниците на бродот јаделе за „Нова ТВ“ изјавил оти сите се шокирани од немилиот настан.

– Надлежната инспекција, Обвинителството и полицијата утврдија дека нашата храна која таа вечер ја конзумирале и другите гости, била во ред – рекол тој.

Децата кои биле хоспитализирани биле на возраст од пет и 14 години.

– Состојбата на децата во текот на ноќта беше стабилна, меѓутоа и понатаму е критично. Ние, секако, се надеваме на позитивни резултати, но времето ќе покаже што ќе биде – рекла докторката Тања Ковачевиќ, според хрватскиот јавен сервис ХРТ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...