Николоски го брани Заев: Да не беше Зоран Заев…

657

Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија. Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.

Со овие зборови генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николоски синоќа го бранеше премиерот Зоран Заев.

„Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните. Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во НАТО и пред вратата на ЕУ. И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот. Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата. Светлата иднина а не мрачното минато. Затоа ќе успееме!“, напиша Николоски на својот профил на Фејсбук.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...