Гледале како детето умира, го снимале и му се смееле, еден тинејџер дури напишал „Карсон речиси умре ЛОЛ“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи имало објави и видео на кое се гледа вознемирениот Карсон додека останати тинејџери стојат околу него и му се смеат. На една од фотографиите, едно момче имало насмевка на лицето и напишало „Карсон речини умре ЛОЛ“.

4631
ФОТО: Принтскрин

Четиринаесетгодишниот Карсон Кримени уште дишел кога неговиот дедо го нашол како лежи во мрак на бетонот на скејт паркот во Британска Колумбија, Канада.

Но, додека да пристигне во болница, лекарите можеле само да го прогласат за мртов. Канадската полиција соопштила оти Кримени починал од прекумерна доза на дрога на 9 август, а се истражуваат лицата кои биле со него во последните часови од неговиот живот.

Семејството на Кримени верува дека некој му дал дрога на нивниот син.

– Сведоците стојат околу него и го снимаат како тој зема прекумерна доза, тоа видео подоцна е објавено на социјалните мрежи – рекле членови на семејството.

На социјалните мрежи имало објави и видео на кое се гледа вознемирениот Карсон додека останати тинејџери стојат околу него и му се смеат. На една од фотографиите, едно момче имало насмевка на лицето и напишало „Карсон речини умре ЛОЛ“.

Таткото навел дека Карсон бил среќно дете и дека сакал хокеј и видео игри.

– Се мачеше да најде пријатели на своја возраст, па се дружеше со деца постари од него – рекол тој.

Тој додал оти Карсон „мислел дека му се пријатели, им верувал“.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...