Премиерот Зоран Заев пред околу два месеци се видел со мајките и семејствата на децата кои беа жртви во петкрарното убиство на Смилковско езеро пред шест години.
– Се видов со мајките на децата и членови на семејството и сите сме согласни дека случајот треба да се остави на судството – рече Заев.
Тој посочи дека и тие и сите засегнати со остнатите спорни случаи, како со смртта на Никола Младенов и други, имаат право да ја знаат вистината. Но, потенцираше премиерот, ниту тој ниту кој било друг политичар не треба да алудираат да бидат обвинители. До каде се истрагите и што се случува со предметите, рече, треба да кажат истражните органи.
– Секој мој друг коментар е мешање во судството и правдата. Во тек се реформите во судството, но мораме да го менуваме и нашиот менталитет – рече Заев.