„Пријатели“ слават 25-годишнина од пилот-епизодата

101

ТВ-серијата „Пријатели“ оваа есен слави 25-годишнина од прикажувањето на првата епизода. По тој повод на 23, 28 септември и на 2 октомври, во киносалите ширум САД ќе бидат прикажани вкупно 12 епизоди, по четири во една вечер.

Како што соопшти Ворнер брос, одбраните епизоди се преработени во 4К резолуција и ќе имаат додатоци како што се интервјуа со протагонистите и досега необјавени снимки и сцени.

– Обожавателите ќе имаат можност да се потсетат на некои од најемотивните и најсмешните мигови од серијата – овојпат на големиот екран – изјави Реј Нат, претставник на организаторите на проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...