САД со забрана за некои лаптопи на „Епл“ во авиони поради опасност од пожар

165

Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување во авиони на модели на преносни компјутери МакБук Про на Епл.

Компанијата повлече од пазарот одреден број такви компјутери чии батерии може да предизвикаат пожар.

– Управата е информирана за тој проблем на компанијата за некои лаптопи од серијата МакБук Про на Епл – изјави портпарол додавајќи дека службата ги предупредила авиокомпаниите за повлекувањето.

Во јуни Епл соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи МакБук Про со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...