Заев: Од прислушување има над 10.000 мои разговори (ВИДЕО)

2121

Снимката во случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев не се гледаше во судница ниту денеска. Ќе се чека Апелација да одлучи дали новинарите и јавноста ќе бидат присутни во судница кога истата ќе се пушта на рочиште.

Денеска во судница околу еден час одекнуваа само телефонските разговори кои исто така се прибрани со ПИ-мерките, но судот одлучи новинарите и останатата јавност да бидат исклучени.

Рочиштето заврши, а телефонски разговори ќе се слушаат и на наредното рочиште во понеделник.

Заев во случајот е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов – Сачавалиев за да му легализира градежно земјиште.

Заев вели дека во тие разговори нема никакви докази, тоа се разговори на градоначалник како со секој друг граѓанин. За овој случај тој бил прислушуван повеќе од две години.

– Знам додека со ПИ- мерки сум прислушуван нешто повеќе од две години, а според моите сознанија знам дека согласно закон и за тероризам и други тешки кривични дела најмногу може да се приалушува до година и три месеци. Немам ништо што ме плаши во делот на разговорите од овој случај – рече премиерот.

Заев вели дека според бомбите кои ги имаше СДСМ, а потоа беа предадени на СЈО само од него имало снимки од над 10.000 разговори, дел стекнати со ПИ-мерките, дел нелегално.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...