Во Дојранско Езеро жешко е и капењето

Температурата на водата во Дојранското  Езеро изнесува 30,8 степени.

548

За околу два степена е зголемена температурата на езерата во земјава попладнево во однос на утринава.

Според последните мерења на УХМР во 13:30 часот, температурата на водата на Охридското Езеро е 26 степени, а утрово била 23,5, на Преспанското Езеро е 27, а била 25,5, додека на Дојранското  Езеро изнесува 30,8 степени, а била 29.

Како што велат од Секторот хидрологија, Дојранското Езеро е поплитко поради што и полесно се загрева. Оттука и природно е да има повисока температура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...