Експлозијата при ракетниот тест во која животот го изгубија пет научници во близина на Архангелск, Русија, вклучува хаварија на мал нуклеарен реактор. Вака пренесува „Тајм“, како извор наведувајќи висок функционер од местото во кое што работеле жртвите.
– Институтот работи на мали извори на енергија кои користат „радиоактивни материјали, вклучително фосилни и радиоизотопски материјали “, за Министерството за одбрана и за цивилни цели – рекол Вјачеслав Соловјов, научен директор на институтот.
Според руската државна нуклеарна компанија Росатом, експлозијата се случила при тест на ракета со употреба на „изотопи извори на енергија“ на оф-шор платформа во регионот Архангелск.
Во соопштението на Министерството за одбрана не бил спомнат нуклеарниот елемент.
Директорот на Росатом, Алексеј Лихачов ги опишал жртвите како „вистински херои“.
Инцидентот предизвикал краток удар на зрачење во градот Северодвинск. Ова било ставено во соопштение од веб-страницата на локалната администрација, кое подоцна го снемало.
Според руската војска, нивото на радијација е нормално.
Норвешка соопштила дека го засилила мониторингот на радијацијата од инцидентот, но не открила ништо.
– Јужните ветрови и долгото растојание помеѓу границата и експлозијата не е веројатно дека Финска ќе открие какво било зрачење – изјавила за „Тајм“, Пиа Вестербака, директор на финската дирекција за радијација и нуклеарна безбедност.
Таа додала оти „властите ги немаат проверено нивните филтри за воздух од инцидентот, но оваа недела се очекуваат резултати“.
Според руски медиуми, можно било оружјето што се тестира да е ССС-Х-9 Скап, во Русија нарекуван и „Stormwater“. Односно, ракета со нуклеарен погон што претседателот на земјата, Владимир Путин ја претставил на светот минатата година.