Стефанова сведочи за „Рекет“, новинарите ја чекаат пред врата

1303

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во моментов тече сослушувањето на Лиле Стефанова за случајот „Рекет“. Покана треба да добие и специјалната обвинителка Катица Јанева, но во моментов нема потврда дали таа до неа е официјално испратена или не.

Стефанова е втора обвинителка која се сослушува за „Рекет“ откако вчера на распит беше и нејзината колешка Елизабета Јосифоска, која е заменичка на Јанева во СЈО.

Пред Обвинителството има бројни новинарски екипи, но не се знае дали Стефанова ќе даде изјава за медиумите. Вчера таа рече оти сѐ што има ќе каже во рамки на истрагата. Сите лица кои се сослушуваат, освен осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески, имаат својство на сведоци, сѐ додека не се прошири истрагата со евентуално нови осомничени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...