Лаури ќе го пропушти Светското првенство

61

Репрезентативецот на САД, Кајл Лаури нема да настапи на претстојниот кошаркарски шампионат во Кина.

Играчот на Торонто ќе го пропушти Мундијалот поради повреда.

Лаури закрепнува од операцијата на десната рака. Тој постојано велеше дека сака да му помогне на тимот на САД на Светското првенство и се надева дека ќе биде дел од репрезентацијата на Олимпијадата во 2020 година.

Претходно и другите НБА ѕвезди одбија да настапат на Мундијалот, сакајќи да се фокусираат на подготовките за новата сезона во најсилната светска кошаркарска лига.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...