Српски Курир пишува дека првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13, всушност, го рекетирал бизнисменот Орце Камчев за 1,5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша.
Како што објави српски „Курир“, Боки 13 во неколку наврати позајмил пари од Карлеуша, а кога западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.
Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а тој беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто позајмувал пари, пишува Курир.
За тоа колку бил близок со Дивна, Боки 13 откри во прошталниот статус што го објави на Фејсбук откако почина мајката на пејачката.
„Додека носев женска маица и здолниште, ти гордо одеше покрај мене во Белград, ме развеселуваше и ми пружаше поддршка кога другите ми се смееја. Ми беше како втора мајка, беше со мене кога ми беше тешко, кога најмногу ми требаше! Ме однесе во нашиот омилен ресторан во Белград и никогаш не дозволи да платам за ручек или за вечера, беше најопасната жена што некогаш сум ја сретнал“, напиша меѓу другото Боки 13 за Дивна Карлеуша.