Видеоснимката на која се гледа како руски полицаец удира млада жена во стомак, предизвика бес меѓу голем број Руси, кои сметаат дека полицијата користела прекумерна сила при растерувањето на демонстрантите.
Видеото било снимено во саботата, а вчера го споделија голем број славни руски лица, со голем број следбеници на социјалните мрежи, по што стана вирално. Видеото го прикажува моментот како двајца припадници на интервентната полиција ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициското возило. Таа се обидува да се ослободи, на што двајцата полицајци одговорија со боксови во стомак, а репортерот кој го сними инцидентот саркастично го нарече полицаецот „херој“.
Московската полиција одби да го коментира инцидентот.
Вот еще одно видео со вчерашнего дня. ОМОНовец со всей силы дает девушке по печени.
А федеральные каналы и прокремлевские помойки все равно будут говорить о массовых беспорядках и нежных задержаниях pic.twitter.com/RGrmOK9pp1
— Лентач (@oldLentach) August 11, 2019